Connect with us

Фудбал

ВИДЕО од пред 30 години, Панчев: Само овој пенал да го дадам, па после не треба повеќе ни да играм фудбал!

На денешен ден, 29 мај 1991 година.

Пред точно 30 години едни од најголемите македонски фудбалски легенди во историјата, Дарко Панчев и Илија Најдоски, со Црвена Звезда се закитија со европската круна. Еден од најславните голови, најславниот пенал на Дарко Панчев во кариерата.

Ако погоди тогаш неговиот тим е европски првак.

И погоди…“Дарко, Дарко, Даркооо“ лудуваше коментаторот, еуфорија во тогашна фудбалска Југославија. Најславниот момент во клупскиот фудбал во земјата која тогаш се распаѓаше.