Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Оди кај твоите вуду сра*а, Ибра до Лукаку

Интер и Милан синоќа одиграа навистина супер интересен меч на кој имаше од се по нешто. Интер славеше со 2:1 преку пресврт. Ибра погоди за 1:0, потоа Лукаку од пенал израмни, а Ериксен во 98-та минута со прекрасен гол од слободен удар погоди за победа.

Токму Ибра и Лукаку беа главните актери на теренот, не само заради головите туку и заради нивната вербална расправија, која за малку можеше да се претвори во физичка пресметка. Како што тврдат италијанските медиуми Ибра ја спомнал мајката на Лукаку, а она што се слуша од видеата е дека Швеѓанецот исто така му вели „Оди прави ги твоите вуду работи“. Лукаку на ова возвратил со пцовки. Двајцата добија жолти картони, а во вториот дел поради старт од зад грб врз Коларов, Ибрахимовиќ доби втор жолт и беше исклучен од натпреварот.