Фудбал
ВИДЕО: Одлично дерби на Милан и Интер, шанси, голови, пенали, автогол
Навивачите на „Сан Сиро“ можеа да уживаат во одличен натпревар, а на крајот миланските клубови ги поделија бодовите. Интер беше малку поконкретен и имаше подобри шанси, но не успеа да дојде до победа.
Интер одлично го отвори натпреварот и успеа да поведе во 11. минута. Кеси направи очајнички потег, се најде во сендвич меѓу Чалханоглу и Џеко, а го фаулираше турскиот играч од средниот ред по што судијата покажа пенал.
Чалханоглу ја постави топката на белата точка и погоди за 1:0 и го прослави голот иако до вчера беше во дресот на Милан.
Но, радоста на навивачите на Интер не траеше долго. Милан израмни на 1:1 во 17. минута кога Тонали центрираше од прекин, а топката со глава ја погоди Де Вриј, кој го измами својот голман Хандановиќ и беше 1:1.
Сепак, само десет минути подоцна нов пенал за Интер. Соборен беше Дармијан и судијата оправдано свири пенал, но топката сега ја зема Лаутаро. Но Татарусану брилијантно го одбрани ударот на Аргентинецот.
Во финишот на првиот дел голема шанса имаше Лаутаро, но шутира покрај голот.
Џеко во 73. минута асистираше и за Видал, кој шутираше, но еден од играчите на Милан го одби неговиот удар.
До крајот на натпреварот се закани и Милан кога Ибрахимовиќ се обиде од слободен удар, но Хандановиќ одбрани. Во 89-та минута Салемакерс ја погоди стативата, па така остана 1:1.
Милан остана втор и има 32 бода како лидерот Наполи, додека Интер е трет со 25 бода.