Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Отфрлениот голман“ ја направи најдобрата парада во самоизолација

Голманот на Чиле, Клаудио Браво времето во самоизолација го користи за да ја одржи формата, а видеоснимката која ја објави од тренингот во дворот, покажува дека се уште поседува квалитет.

Браво во 2016-та година од Барселона пристигна во Манчестер Сити и во дебитантската сезона беше прв чувар на мрежата. Но, со доаѓањето на Едерсон, се пресели на клупата, па е извесно дека ќе замине откако договорот ќе му истече.