Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Откако ја „зафркна“ работата и откако доби критики од фановите, фудбалер на Барса мораше да се извинува

Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, предизвика бројни коментари кај навивачите на овој клуб поради сцената што ја направи по поразот од Баерн и испаѓањето од Лигата на шампионите. Ленгле по мечот со насмевка се поздрави со Роберт Левандовски и се најде на удар на навивачите на каталонскиот клуб.

На крајот на краиштата, францускиот дефанзивец се огласи и ги објасни своите постапки по натпреварот.

“Сакам да испратам порака до сите навивачи на Барселона. Најпрво сакам да кажам дека сум тажен поради вчерашниот резултат бидејќи клубот го заслужува најдоброто, а ние не успеавме да го постигнеме тоа”.


„Исто така, сакам да ја објаснам фотографијата на која се смеам со Левандовски. Тоа е реакција на нешто што се случило во тоа време и таа реакција не ги изразува моите емоции поради резултатите.

“Сите кои ме познаваат добро ја знаат мојата посветеност кон професијата и клубот, особено навивачите на Барселона. Никогаш намерно не би направил такво нешто, особено по тежок пораз. Денес сите сме тажни, но сите сме во мисија Барселона да се врати таму каде што припаѓа“, рече Ленгле.

Францускиот фудбалер пристигна во Барселона во 2018 година и одигра 144 натпревари за каталонскиот гигант а има седум постигнати голови.