Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Откако прими два гола од Елмас, Лестер неколку дена подоцна се „разбуди“ и го „прегази“ најбогатиот тим

Се чини дека елиминацијата и поразот во Лига Европа од Наполи од 3:2, на кој два гола постигна нашиот Елиф Елмас го разбуди тимот на Лестер. Во англиската Премиер лига, попладнево популарните „Лисици“ го прегазија најбогатиот тим Њукасл со 4:0. Тилеманс два, Дака и Мадисон стрелаа за убедлива победа. Со оваа победа Лестер скокна на 8-то место, додека Њукасл е на претпоследното место со само 10 бодови. Пред извесно време Њукасл беше купен од инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија, на чело со принцот Мухамед бил Салман, стана најбогат тим во светот, но на резултатски и играчки план ништо не се смени, напротив продолжија да тонат.