Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ова е „месарот“ поради кој Мбапе заврши на патерици

Младиот напаѓач на ПСЖ Килијан Мбапе со солзи во очите го напушти теренот на мечот со Сент Етјен во финалето во Купот, подоцна беше виден на патерици. Врз него со остар старт имаше Лоик Перин, кој потоа по прегледувањето на ВАР снимката заработи директен црвен картон.

Во Париз се крајно загрижени за повредата на Мбапе бидејќи се приближува продолжението на ЛШ. ПСЖ, патем, ќе го игра четвртфиналето со Аталанта на 12 август.

Сè уште нема официјална дијагностика, но РМЦ Спорт денес пишува дека Мбапе е прегледан утрово и дека е констатирано дека станува збор за потешка повреда на глуждот на десната нога, но дека нема оштетување на лигаментите.

Според РМЦ Спорт, клубот ќе се погрижи за шансите Мбапе да биде подготвен за Аталанта, иако засега нема конкретни информации колку долго би можело да трае неговото закрепнување.