Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ова се случува само еднаш, во Лондон исти стрелци, ист резултат како минатата сезона

Кристал Палас не му дозволи на Тотенхем да забележи нова победа. Одиграа 1:1, иако гостите водеа со голот на Хари Кејнм во 23-та минута. Овој резултат беше актуелен до 81-та минута кога Шлуп постигна гол за 1:1. Така остана до крајот, бодовите се поделија, Тотенхем остана прв со 25, бодови, додека Кристал Палас е на 11-то место со 17 бодови.

Ваков меч се случува само еднаш бидејќи може да се окарактеризира како чудо. Со истиот резултат заврши и мивната пресметка од минатата сезона на овој ист стадион. Сепак, тоа не е чудно, туку чудно е тоа што исти фудбалери ги постигнаа головите по истиот редослед. Прво Кејн погоди за 1:0 за Тотенхем, а потоа Шлуп ги постави конечните 1:1. Сепак, разликата денеска е само во минутите кога „паднаа“ головите.

Standings provided by SofaScore LiveScore