Тајмаут
ВИДЕО: Ова веројатно никогаш не сте го виделе, еве како некогаш се забавувал младиот Пеп Гвардиола
Пред неколку дена видео стана хит на социјалните мрежи од забавата на Манчестер Сити, а „виновник“ за тоа беше Пеп Гвардиола. Со малку алкохол и пура, тој стана главен на „журката“. Сега се појави ново видео. Но, го покажува Гвардиола кога бил млад. Кога како играч го носел дресот на Барселона, а исто така е од една забава. Веројатно со оглед на тоа дека се работи за разлика на генерации, на многумина неговото играње сега изгледа смешно.