Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Оваа ситуација јасно кажува зошто синоќа Колумбија ја совлада Аргентина

Аргентина синоќа беше поразена во првиот натпревар на овогодишниот Копа Анерика од Колумбија со 2:0.

Колумбија беше подобра екипа практично во целиот натпревар, ап на крајот со головите на Мартинез во 71. и Запата во 86. минута дојдоа до три бода.

Аргентинците уште еднаш разочараа со своето бледо издание, а колку лошо играа говори и фактот дека во првото полувреме не успеаа да упатат ниту еден удар кон рамките на голот.

Во почетокот на второто полувреме Аргентина покажа за нијанса подобра игра, но кога покрај сите тие големи имиња во нападот, Леонардо Паредес имаше најдобри шанси да постигне гол, тогаш јасно е колку всушност била лоша.

Лионел Меси поради својата неверојатна сезона во Барселона секако беше во фокусот на фудбалерите на Колумбија, а колку сериозно го разбраа тоа најдобро илустрира ситуацијата од 60. минута кога дури три играчи тргнаа во ист момент да го запрат Меси.

Аргентинецот се обиде се да реши сам додека неговите соиграчи беа немоќни и само му ја додаваа топката.