Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Па, што направи Жоржињо? Му подари гол на Манчестер Јунајтед, но потоа го спаси Челзи од пораз

Фудбалерите на Челзи и Манчестер Јунајтед ремизираа 1:1 во дербито од 13. коло од Премиер лигата.

Двата гола на „Стемфорд Бриџ“ беа видени во вториот дел. Џејдон Санчо ги доведе „Црвените ѓаволи“ во водство со својот прв гол во шампионатот во 50. минута, по катастрофалната грешка на средината на теренот на Жоржињо, кој на крајот успеа колку толку да се извади за грешката, кога во 67. минута ги спаси „сините“ од пораз погодувајќи од белата точка.

Избраниците на Томас Тухел доминираа од првата до последната минута, имаа 65% посед и вкупно 24 шута, но избраниците на Мајкл Карик успеаја да останат непоразени.

Клубот од Лондон останува лидер во првенството со 30 бода, еден повеќе од Манчестер Сити, а два во однос на Ливерпул. Тимот од Манчестер е осми со 18 бодови.

Реклама

Facebook

Реклама