Фудбал
ВИДЕО: Па, што прави овој Мбапе-Два удари, два гола, за осум минути ПСЖ поведе со 2:0
ПСЖ експресно дојде до водство против Клуб Бриж во последниот меч од групната фаза од Лигата на шампионите. По само осум минути игра, водството е 2:0, а двата гола се дело на Килијан Мбапе, кој практично двата удари кон голот ги претвори во погодоци.
Од оваа група вечерва уште играат Лајпциг и Манчестер Сити. Овде е се решено, Сити и ПСЖ одат во следната рунда, а доколку останат вака резултатите Лајпциг ќе игра Лига Европа, додека Бриж ги завршува натпреварите.