Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Петарда“ на Лацио, Имобиле со хет-трик му „избега“ на Роналдо

Јувентус речиси сигурно ќе ја освои шампионската титула, но тешко веројатно Роналдо нема да ја освои „Златната копачка“ во Серие А. Ова признание најверојатно ќе му припадне на феноменалниот оваа сезона Чиро Имобиле.

Лацио вечерва на гостувањето кај Верона славеше со убедливи 5:1, а три гола постигна Имобиле. Со ова тој стигна до бројката од 34 погодоци во Серие А, а Роналдо има четири помалку. Имобиле до крајот има да одигра уште два, додека Португалецот заедно со вечерашниот против Сампдорија уште три меча. Но, тешко е да се верува дека ќе успее да го стигне.
,

Како и да е во Италија битката за врвот е јасна. Јувентус треба вечерва да ја потврди шампионската титула, а освен „Старата дама“ во ЛШ ќе играат уште Интер, Аталанта и Лацио. Иако уште не е дефинитивно, сепак се чини дека лигата ќе ја напуштат Лече, Бреша и СПАЛ.

Рома ќе игра во ЛЕ, а останува да се види кој ќе биде вториот патник, дали Милан или Наполи.

Standings provided by SofaScore LiveScore