Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По бламажата од Ливерпул, сите избегаа од „Олд Трафорд“, но тој остана да тренира

Манчестер Јунајтед доживеа катастрофа викендов на домашен терен, каде беше поразен од Ливерпул со убедливи 5:0. На половина час пред крајот на мечот навивачите почнаа да го празнат „Олд Трафорд“ и да заминуваат. По мечот сите избегаа од овој стадион, како навивачите, така фудбалерите и целиот тим.

Само, еден остана и дури тренираше по овој натпревар. Тоа е играчот за врска Ван де Бек, кој кај Солскјрер не добива шанса. Како што е познато веќе подолго време тој е „закован“ за клупата за резервни фудбалери, а доколку работите не се сменат, сигурно дека ќе замине, ако не во јануари, тогаш по крајот од сезоната.