Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По бод за Лестер и Манчестер Јунајтед, фантастичен гол на Барнс

Нема одмор во Премиер лигата, па за разлика од останатите првенства, тие продолжија и овој викенд, во популарниот „боксинг деј“, а ќе играат и на 31 декември и 1 јануари.
Во дербито на денешната програма Лестер и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2, па ги задржаа своите позиции на табелата, „Лисиците“ на второто, а „Црвените ѓаволи“ на третото место.
Рашфорд во 23-та минута му донесе предност на Јунајтед, но осум минути подоцна израмни Барнс со прекрасен гол од дистанца. Јунајтед повторно поведе преку сезонава одличниот Фернандеш, но поради автоголот на Туанзабе останаа без победа на овој меч.