Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Победа и прво место за Барселона, но сето тоа го засени повредата на Меси

Во дербито на 9. коло во Ла Лига Барселона беше подобра од Севилја со резултат од 4:2.

Барса пред себа ги имаше Алавес, Севиља и Атлетико, но со оваа победа тимот на Ернесто Валверде дојде до првото место на табелата.

Иако Севиља игра одлично оваа сезона, на „Ноу Камп“ неше немоќна, па за само 12 минути на семафорот беше 2:0.

После одличната акција и асистенцијата на Меси, Кутињо ја претвори во гол уште во втората минута, а потоа по одличното  додавање на Суарез, во 12, минута Меси зголеми на 2:0.

Набрзо потоа Аргентинецот имаше ужасен пад на десното рамо и се повреди и мораше да го напушти теренот. Оваа повреда би можела да го оддалечи Меси од натпреварите со Интер во Лигата на шампионите и со Реал Мадрид во домашното првенство.

Него во 26. минута го заени Дембеле, но ниту отсуството на Меси не влијаеше на играта Каталонците, кои во продолжение преку Суарез од од пенал во 63. минута и Ракитиќ во 88. минута стигнуваат до високо водство, а Сарабиа во 79. и Муриел во 91. минута постигнаа утешни голови за Севиља.