Фудбал
ВИДЕО: Погледнете како Челзи го уништи противникот, седум пати ја тресеше мрежата
Екипата на Челзи стигна до убедлива, огромна победа во пресметката со Норич, иако нивниот прв напаѓач Ромелу Лукаку не настапи поради повреда. Сепак, во негово отсуство Маунт беше расположен, кој постигна хет-трик, Чилвел, Хоџсон Одои и Џејмс постигнаа по еден, додека еден гол беше автогол.
Челзи во моментов е прв во Премиер лигата со 22 бодови и натпревар повеќе од Ливерпул.