Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете како замената на Роналдо во Јувентус асистираше за победа на Наполи

Наполи преку пресврт славеше со 2:1 против Јувентус во дербито во италијанската Серие А. Но, комичен момент се случи во финишот на мечот при победничкиот гол на Наполи, односно Кулибали.

Имено, замената за Роналдо во Јувентус, Мојзи Кеан практично му асистираше на Кулибали да постигне гол. По корнерот на Наполи и центаршутот на Зелински, Кеан со глава шутираше во својот гол, голманот одбрани, но Кулибали сепак успеа да постигне гол за победа од 2:1.