Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете на кој начин третолигашот Алкојано го елиминираше Реал Мадрид

Синоќа се случи сензација во Шпанија, откако третолигаш го елиминираше Реал Мадрид во Купот на Кралот. Елиминацијата на „Кралевите“ во 1/16 финалето е вистинска сензација, бидејќи не само што се работи за третолигаш, туку Реал Мадрид имаше водство, а последните десетина минути од продолженијата имаа и играч повеќе.

Реал водеше со голот на Милитао во 45-та минута, а во 80-тата Алкојано израмни преку Собес. Се играа два пати по 15 минути продолженија, а во 110 минута третолигашот остана со десет играчи во поле откако беше исклучен Лопез. Реал потоа напаѓаше, но наместо да постигне гол, од контра прими уште еден, па Касанова се погрижи за победа на Алкојано и сензација на вечерта.