Фудбал
ВИДЕО: Покетино три меча беше тренер на ПСЖ и веќе освои трофеј
Маурисио Покетино на почетокот на оваа година и официјално беше назначен за нов тренер на францускиот првак. По само три меча на клупата на ПСЖ, Аргентинецот го освои првиот трофеј. Неговиот тим со 2:1 беше подобар од Марсеј во францускиот Супер Куп. Икарди во 38-ма и Нејмар од пенал во 85-та беа стрелци на головите. Во 89-тата Димтри Паје само го ублажи поразот.
– Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам од него. Јас тренирам со ПСЖ скоро две недели, работиме многу. Ова е само почетокот. Ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ги зајакнеме нашите идеи и напредок. Сакам да се заблагодарам на управата на клубот, фудбалерите и мојот претходник, Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе, имавме шанса да го освоиме Суперкупот, изјави Покетино за „Канал +“.