Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Порно звуци за време на ждрепката за ЕУРО 2024

Неверојатен момент ја одбележа ждрепката за следното Европско првенство. Среде извлекување на репрезентациите од четвртиот шешир, присутните не можеа да поверуваат што слушаат на официјалниот разглас.

Имено, преку хакерски напад за време на влечењето на Србија, во позадина одеа звуци од порно филм. Извлекувачите не изреагираа бурно, напротив се насмеаја на оваа ситуација, а лицето задолжено за ждрепките, Џорџо Маркети, побара од режијата да ги прекине звуците.

За овој кикс кој го направија организаторите од Европската фудбакска унија (УЕФА) и Германија одговорност презеде јутуберот Даниел Џарвис. Тој призна дека ги саботирал организаторите, пуштајќи ги звуците во етер.

Advertisement