Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Постигна гол за 2:2, а потоа му ја украде капата на тренерот и славеше пред него

Фудбалерите на Келн вечерва ремизираа на домашен терен против Унион Берлин (2:2) во натпреварот од 11. коло на Бундес лигата.

Беше навистина интересен натпревар. Домашните поведоа во седмата минута кога Модесте погоди за 1:0. Сепак, само две минути подоцна Рајерсон израмни на 1-1.

Гостите до целосен пресврт стигнаа во првата минута од продолжението на првото полувреме, а голот за 2:1 го постигна Промел.

Сепак, Келн дојде до реми во самиот финиш. Во центарот на вниманието повторно беше Модесте кој постигна гол за 2:2, а потоа со својата прослава ги насмеа сите.

Модесте истрча до клупата на својот тим, и му ја „украде“ капата на тренерот Баумгарт и така го прослави голот за конечни 2:2.