Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потегот на Меси за црвен картон од друг агол, позната и казната!

Лионел Меси по нешто повеќе од 750 одиграни мечеви во дресот на Барселона, синоќа за прв пат доби црвен картон. Тоа се случи во финалето во Суперкупот против Атлетик Билбао откако „нокаутираше“ противнички играч.

Доколку се погледне овој момент од поинаков агол, според реакцијата на Меси ќе се види дека Аргентинецот имал намера, но сепак мора да се признае дека самиот удар не беше толку опасен колку што лежеше на теренот играчот на Атлетик Билбао.

Сепак, како и да е, црвениот картон значи автоматски два меча суспензија за Лионел Меси, а Дисциплинската комисија дополнително ќе заседава и ќе одлучува дали е потребна поголема и дополнителна казна.