Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потполно лудило на претставувањето на Дани Алвеш

Дојде крајот на европската кариера на легендарниот Дани Алвеш.

Искусниот 36-годишен десен бек после 17 години се врати во Бразил и потпиша договор со Сао Паоло.

По лудилото на дочекот, каде едвај успеа да помине покрај „полудените“ навивачи, вистински спектакл му беше приреден на стадионот.

Повеќе од 40.000 навивачи на бразилскиот великан дојдоа како би го поздравиле Алвеш, кој потпиша договор до 2022. година.

Иако има 36 години, Алвеш нема намера да ја заврши кариерата во овој клуб.

„Дојдов тука за да ја направам вистинската работа. Не дојдов за да ја завршам кариерата. Се уште имам неостварени цели, а овде сакам да испишам историја“, рече Алвеш

За потсетување, Алвеш во 17 години години освои апсолутно се’, а играше за Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com