Други спортови
ВИДЕО: Повторно судар на „Летечкиот Македонец“ на трката во Италија
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски не ја заврши првата трка на ТЦР Италија на патеката Мисано, откако по само неколку круга доживеа судар со друг автомобилист. Поради оштетувањето на возилото, тој не можеше да ја заврши трката.
Пред точно еден месец, Стефановски исто така имаше инцидент поради што не ја заврши трката.
Еве, што изјави Игор Стефановски по овој инцидент.
Видео од целата трка, а инцидетот во кој беше дел Стефановски е на 16:30 минута.