Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пред неколку дена се степа со тренерот, а сега ја пееше химната на противничкиот тим!

Папу Гомез веќе неколку сезони е најдобар фудбалер на Аталанта. Неговиот тим е хит во последните две сезони, каде успева да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Сепак, работите со Гомез и тренерт Гасперини не се како што треба. Според информациите пред десетина дена на полувремето на мечот со Мидтјиланд имало расправија во соблекувалната, а дури дошло до физички контакт.

Се повеќе се зборува дека Гомез ќе замине, а синоќа на мечот со Јувентус (1:1) се случи интересен детал. Имено, камерите го „уловија“ како ја пее химната на „Старата дама“.