Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекрасен гол на Погба, Манчестер Јунајтед е лидер во Премиер лигата, следува дербито со Ливерпул

Одличната серија Манчестер Јунајтед ја крунисаше со нова победа и лидерска позиција во Премиер лигата. Малкумина веруваа дека по 17 одиграни кола токму тимот на Оле Гунер Солскјер ќе биде лидер. 11 меча во домашното првенство Манчестер Јунајтед нема пораз, а од тие девет се победи. Последната е против Барнли со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Пол Погба кој со вистински проектил го совлада противничкиот голман.

Сега Јунајтед има три бодови повеќе од Ливерпул, а токму против оваа екипа се игра големото дерби за четири дена.

Инаку, синоќа се одиграа уште два меча, Шефилд го совлада Њукасл со 1:0, а Евертон како гостин со 2:1 беше подобар од Вулверхемптон.

Standings provided by SofaScore LiveScore