Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекрасни голови на Тони Крос и Асенсио, рутинска победа на Реал Мадрид против Интер

Реал Мадрид го потврди првото место во групата откако на домашен терен славеше со 2:0 против Интер. Овие две екипи се пласираа во осминафиналето, а ова беше познато пред овој меч. Иако беше подобар противник во првите 45 минути, сепак Интер прими гол и тоа фантастичен на Тони Крос. Во вториот дел, нешто поизрамнети силите на теренот, а згора на тоа Барела поради наивна реакција во дуелот со Милитао заработи црвен картон, па Реал имаше полесна задача. Победата ја потврди Асенсио со прекрасен гол од далечина.

Од оваа група Шахтјор и Шериф одиграа 1:1, па гостите од Молдавија како третопласирани ќе играат во Лига Европа.
РЕАЛ МАДРИД – ИНТЕР 2:0