Фудбал
ВИДЕО: Пресврт на Бразил за перфектен учинок
Селекцијата на Бразил стигна до 9-та победа во квалификациите за СП. Иако имаа негатива по првиот дел, сепак популарните „Кариоки“ успеаја на крајот да слават со 3:1 против Венецуела.
Рамирез донесе предност на Венецуела, а израмнувањето стигна во 71-та минута преку Маркињос. Во самиот финиш на мечот Габигол постигна гол за водство од 2:1, а во 95-та минута триумфот на Бразил го потврди Ентони.
Аргентина одигра без голови против Парагвај, Еквадор ја совлада Боливија со 3:0, Перу беше подобар од Чиле со 2:0, а реми без голови одиграа Уругвај и Колумбија.