Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Признанието за „потег на колото“ му припадна на Амер Гојак

Динамо Загреб синоќа на „Максимир“ издвојува победа над Спартак Трнава и ја обезбеди „европската пролет“.

„Модрите“ славеа со 3:1 во натпреварот кој беше одигран по густа магла, а победата на Динамо ја најави младиот играч од средниот ред Амер Гојак кој постигна гол за 1:0 во 22. минута.

Гојак фантастично се снајде пред голот на Спартак по асистенцијата на Гаврановиќ и мајсторски со „петта“ ја смести топката во голот за ерупција од одушевување на „Максимир“.

Начинот на кој Гојак ја смести топката за грбот на голманот на Спартак одушеви многумина, па неговиот гол со „петта“ Лигата на европа го прогласи за потег или „вештина“ на четвртото коло од групната фаза од ова натпреварување.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com