Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Проблематичниот напаѓач пристигна во Барселона

Се чини дека Барселона е на чекор до уште едно засилување. По Адама Траоре, нов член би требало до вечерва да стане проблематичниот напаѓач Пјер Емери Обамејанг. Имено, тој веќе пристигнал во Барселона, но за конечен потпис ќе чека уште неколку часа. Развојот на настаните зависи од Усман Дембеле. Доколку тој замине, тогаш нема да има никакви пречки Обајеманг да потпише за Барселона. Но, доколку не најде нов клуб, тогаш за да потпише за Барселона, Обамејанг треба да се согласи на големо намалување на платата, со оглед на тоа дека во Арсенал имаше 300.000 фунти неделно. Од друга страна, Арсенал не го сака во своите редови, Артета го исклучи од тимот, а раководството на англискиот тим ќе го пушти и на позајмица, што најверојатно ќе биде формулата за негов трансфер во Барселона.