Фудбал
ВИДЕО: ПСЖ славеше со 4:2, а Ди Мариа постигна гол од корнер
Нимес во претходните три кола забележа две победи.
Нејмар во 36. минута погоди за 1:0 водство на Парижаните, а Ди Мариа во 40. минута дирекно од корнер погоди за 2:0.
Бабикон и Саваниер со головите во 63. и 71. минута го враќаат Нимес во игра, изедначувајќи на 2:2, но потоа Мбапе во 77. минута постигнува гол и ја вреќа предноста на ПСЖ.
Во 92. минута Кавани го постави конечниот резултат 4:2, а потоа го исклучиа Саваниер од едната страна и Мбапе од другата страна.