Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал ги претстави новите дресови – навивачите одушевени

Реал Мадрид на официјалната страна ги претстави новите дресови.

Турбулентната сезона заврши и навивачите на „Кралскиот“ клуб се надеваат дека следната ќе биде многу подобра и дека Зинедин Зидан ќе направи тим кој ќе ја запре Барселона, но и европските великани во Лигата на шампионите.

Судејќи по првите денови од летото, такво нешто би можело да се случи. Лука Јувеќ е претставен, а се очекуваат уште неколку големи засилувања на „Сантијаго Бернабеу“.

Во меѓувреме утрово Реал официјално го претстави новиот дрес за кој веќе се пишуваше. Звездите на овој тим позираа во новиот дрес кој е креација на Адидас – бел дрес со златни детали. Совршено, нема збор.