Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид елиминиран во Супер купот, Зидан нервозен: Да не сакате да не ја доиграме сезоната

Реал Мадрид загуби во полуфиналето од Шпанскиот куп. Со 2:1 Атлетик Билбао славеше, па закажа дуел со Барселона во финалето која на пенали ден претходно го совлада Реал Сосиедад. Гарсија со два гола им „пресуди“ на „Кралевите“, а единствениот гол за Реал беше дело на Бензема во 77-та минута.

Тренерот Зинедин Зидан очигледно беше многу револтиран поради елиминацијата, па по мечот се истури врз новинарите.

-Мора сега да се фокусираме на следниот меч. Дали поразот ќе се одрази на клубот? Не. А вие што сакате, да се откажеме и да не ја доиграме сезоната, изјави Зидан обаќајки им се на новинарите, иако претходно рече дека елиминацијата е катастрофална.