Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид го стигна Атлетико, Рамос признал дека играл со рака

Реал Мадрид како гостин го совлада Еибар и со новите три бода собра 29, исто колку и лидерот на табелата Атлетико Мадрид. Но, овој меч крена прашина во Шпанија, повторно поради спорен момент. Имено, Серхио Рамос во својот шеснаесетник играше со рака на судиите, вклучително и оние во ВАР собата одлучија дека ова не е потег поради кој треба да се покаже на белата точка.

Хосе Луис, тренер на Еибар по мечот изјави дека Рамос признал дека играл со рака.

-Јас навистина веќе не знам што е пенал, а што не е. Неделава имаше толку играња со рака и никој не знае кога се досудува пенал. Сега беше одлучено за 20 секунди, обично потребни им се по 2-3 минути за ситуацијата да се види од секој агол, изјави Луис.
Ова се случуваше во 81-та минута при резултат 2:1 во корист на Реал.