Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид ја прегази Мајорка, Бензема ги стигна Меси и Роналдо

Реал Мадрид одигра одличен меч и славеше против Мајорка со 6:1 на домашен терен во Ла Лига. Фантастична партија имаше Бензема, но и Асенсио.

Карим Бензема на овој мечвлезе во историјата на шпанскиот фудбал. Имено, тој постигна два гола и две асистенции. Но, при првиот гол и асистенцијата за Асенсио, Французинот стана првиот фудбалер во овој век кој директно учествувал на 13 голови за својот тим во првите шест кола од нова сезона.

Пред него со подобар учинок во тие моменти беа само Лионел Меси, кој на почетокот на сезоната 2011/2012 на Барселона и донесе 13 голови и Кристиано Роналдо кој во сезоната 2014/2015 на Реал Мадрид му овозможи 14 голови.

Во 55. минута со неговата втора асистенција за Асенсио Бензема го надмина Меси и се изедначи со Роналдо, а со неговиот втор гол на десетина минути пред крајот стана играчот со најдобар старт на една сезона во Ла Лига од почетокот на овој век.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама