Фудбал
ВИДЕО: Реал Мадрид падна во срцето на Каталонија
Прв пораз на Реал Мадрид во новата сезона и тоа во Каталонија. Еспањол славеше со 2:1. По 17 минути игра Де Томас ја најави големата победа на домашниот тим. Во второто полувреме, Алеиш Видал во 60-тата минута зголеми на 2:0. Во продолжението на мечот, иако напаѓаше Реал Мадрид, сепак успеа само да го ублажи поразот и тоа преку Бензема во 71-та минута.
Реал останува лидер на табелата со 17 бодови, но само поради подобрата гол разлика, бидејќи и Атлетико Мадрид има ист број бодови. Еспањол е на 12-то место со 9 освоени бодови.