Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид покажа кој е кој во последното коло, Интер најголемо разочарување

Реал Мадрид во последното коло славеше со 2:0 славеше против Борусија Менхенгладбах и обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите и тоа како лидер во групата. Двата гола ги постигна Карим Бензема во 9-та и 32.минута.

Интер од друга страна иако имаше се во свои раце, сепак не успеа да го совлада Шахтјор на домашен терен играјќи 0:0. Иако му требаше победа, сепак избраниците на Антонио Конте во последните моменти од мечот нападна посериозно по голот на украинскиот тим, но сепак не успеа да постигне погодок.

Со ова Интер направи услуга на Менхенгладбах која и покрај поразот од Реал Мадрид и Интер во претходното коло, сепак остана на втората позиција. Од оваа група Реал Мадри како првопласиран и Менхенгладвах како второпласирана ќе играат во нокаут фазата, Шахтјор продолжува во Лига Европа, а Интер иако со Реал беа големи фаворити во оваа група сепак е најголемото разочарување.

РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ –СРЕДА

ГРУПА А

Баерн Минхен – Локомотив Москва 2:0

Салцбург – Атлетико Мадрид 0:2

Табела: БАЕРН МИНХЕН 16, АТЛЕТИКО МАДРИД 9, Салцбург 4, Локомотив Москва 3

ГРУПА Б

Реал Мадрид – Борусија (М) 2:0

Интер – Шахтјор 0:0

Табела: РЕАЛ МАДРИД 10, БОРУСИЈА (М) 8, Шахтјор 8, Интер 6

ГРУПА Ц

Манчестер Сити – Марсеј 3:0

Олимпијакос – Порто 0:2

Табела: МАНЧЕСТЕР СИТИ 16, ПОРТО 13, Олимпијакос 3, Марсеј 3

ГРУПА Д

Ајакс – Аталанта 0:1

Мидтјиланд – Ливерпул 1:1

Табела: ЛИВЕРПУЛ 13, АТАЛАНТА 11, Ајакс 7, Мидтјиланд 2

ГРУПА Х

Лајпциг – Манчестер Јунајтед 3:2

ПСЖ – Башакшехир 5:1

Табела: ПСЖ 12, ЛАЈПЦИГ 12, Манчестер  Јунајтед 9, Башакшехир 3.