Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид води на „Камп Ноу“ против Барса-Алаба е чудо од играч

Реал Мадрид поведе на гостувањето кај Барселона со 1:0. Стрелец на голот е Давид Алаба во 32.минута кој е чудо играч. Имено, тој игра стопер, а токму од него почна контра нападот, по кој, откако искомбинираа играчите на Реал, токму тој постигна гол на ефектен начин за 1:0.

Пред голот Барселона имаше огромна шанса преку Дест, кој не успеа да реализира зицер, а ја префрли топката високо над голот. По водството на Реал, Пике имаше шанса, но неговиот удар со глава заврши за малку покрај голот.