Фудбал
ВИДЕО: Реми на „Вембли“ на најстарото репрезентативно ривалство
Најстарото репрезентативно ривалство вечерва заврши без голови, а мрежите мируваа во текот на целиот натпревар. Најголем дек од играта беше во средината од теренот на „Вембли.“ За прв пат по 48. натпревари меѓу двете репрезентавии, натпреварот завршува без погодоци.
Натпреварот започна, а Че Адамс од репрезентацијата на Шкотска имаше одлично додавање во казнениот простор, но неговиот удар беше блокиран од дефанзивецот. Првата закана за Шкотска беше во 11. минута од натпреварот кога Стоунс ја стресе ставивата и малку фалеше да го отвори наптреварот. Златна шанса, откако Мејсон Маунт доби центрашут и шутираше кон голот.

Во 30. минута од натпреварот, прва голема шанса и за Шкотска. Стивен О’Донел изведе центаршут во казнениот простор и брзо упати удар во долниот лев агол. Неговиот ветувачки обид беше запрен од Џордан Пикфорд со неверојатна одбрана!
До крајот на првото полувреме мрежите мируваа на „Вемлби“, протагонистите останаа должни по првото полувреме.

Второто полувреме Саутгејт и Кларк го започнаа без измени во Лондон. Две минути по самиот почеток на второто полувреме Мејсон Маунт од репрезентацијата на Англија доби прецизно додавање на работ од казнениот простор и веднаш шутираше ниско лево од голот. Сепак, голманот беше подготвен и го бранеше фантастично. Англија го освои корнерот со добра игра.
Во 79. минута од натпреварот Рахим Стерлинг од репрезентацијата на Англија падна по дуелот во казнениот простор, но судијата само мавташе и одбиваше приговорите.

Најстарото и најбогатото репрезентативно ривалство започнато пред 149 години ќе ја добие својата 115 епизода. На „Вембли“, местото на сите важни фудбалски случувања на Островот, Англија во рамки на второто коло од групата Д на Европското првенство ќе го угости соседот Шкотска.
Натпреварот го судеше Антонио Матеу.
Во овој милениум Шкотска и Англија одиграа само четири натпревари, од кои три му припаднаа на „Гордиот Албион“. Со тоа што два беа пријателски. На последниот, во квалификациите за Мундијалот, Хари Кејн во екстра-времето го спаси својот тим од пораз. Ќе биде тврдо и овој пат, во тоа никој не се сомнева, но се очекува овој пат Англија да биде неспоредливо подобра и да обезбеди пласман во следната фаза.