Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Рикардо врескаше од бес поради грешките на својата екипа

Квалификациите за Големата награда на Јапонија се одржаа утрово, а пол позицијата уште еднаш ја освои Луис Хамилтон кој полека чекори кон новата титула.

Доста возбудливи беа квалификациите, а големи проблеми на возачите му создава и дождот. Голем проблем за Ред Бул се случи во вториот дел од квалификациите кога Даниел Рикардо не успеа да се избори за место меѓу десетте најбрзи.

Болидот на Ррикардо има доста проблеми затоа што Ред Бул направи доста, а на крајот овој возач не ни успеа да излезе во вториот дел на стазата, па остана без време. Овој потег на екипата најверојатно го налути Рикардо кој врескаше покрај боксот од бес.

Рикардо утрешната трка ќе ја започне дури на 15. позиција и сигурно дека не очекуваше толку лош резултат. Трката за Големата награда на Јапонија започнува утре од 7:10 часот.