Фудбал
ВИДЕО: Роналдо бесен на селекторот по шокот од Србија
Србија ја шокираше Португалија среде Лисабон, па со гол во 90-тата минута славеше со 2:1 и го освои првото место во групата, со што обезбеди директен пласман на СП во Катар, а ја потисна Португалија на второто место.
Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо не можеше да се помири со овој пораз, па беше бесен. Беше лут и бесен на селекторот Фернандо Сантош. Засега не се знае точно што му порача, но добро се гледаше по мечот кога камерите го уловија како му се лути на селекторот.