Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Роналдо и Георгина ги прекршиле протоколите, ќе има истрага

Кристијано Роналдо повторно се најде на удар на здравствените власти откако ги прекршил протоколите во борбата против Ковид 19. Имено, тој  добил неколку слободни денови од Јувентус, па се одлучил малку да ужива. Два дена Роналдо и неговата девојка Георгина биле во монденскиот зимски центар Гурмајер, кој се наоѓа во областа Вале Даоста. Со оглед на тоа дека тие живеат во областа Пиемонт, а поради Ковид 19 има таква забрана за патувања од една во друга област, Роналдо и неговата девојка ги прекршиле протоколите.

Откако „Газето Дело Спорт“ објави видео на кое се гледа како Роналдо и Георгина уживаат на моторна санка, отворена е истрага која треба да покаже дали парот вил во портокаловата зона и патувал без дозвола.

 

Ако ова биде потврдено, ѕвездата на Јувентус ќе добие казна, можна изолација од две недели но и суспензија од Серија А.