Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо промаши пенал, шок на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа елиминирани на својот „Олд Трафорд“ од второлигашот Мидлсброу по лошо изведување на пенали во серијата во првиот натпревар од четвртото коло на ФА Купот.

„Црвените ѓаволи“ беа многу подобар ривал, но топката едноставно не влезе во голот. Сите промашија, вклучително и првата ѕвезда на тимот на Кристијано Роналдо.

Во втората минута, по збунетата реакција на одбраната на гостите, Санчо ја погоди гредата, а во продолжението од акцијата Бруно Фернандеш не успеа да ја уфрли одбиената топка во мрежата.

Во 19. минута повратникот на Јунајтед, Пол Погба беше соборен во шеснаесетникот на Мидлсброу, судијата Ентони Тејлор оправдано покажа на белата точка, но Кристијано Роналдо беше непрецизен од 11 метри. На задоволство на гостинските навивачи, од кои на „Олд Трафорд“ беа близу 10.000!

Пет минути подоцна Јунајтед сосема заслужено круниса многу подобра игра. Бруно со долга топка го пронајде Џејдон Санчо, го доби дуелот со противничкиот дефанзивец и ја испрати топката до далечниот агол од голот на гостите – 1:0.

Во 57. минута гостите го упатија првиот удар кон голот на Дин Хендерсон, а потоа во 64. минута шок: Резервниот играч на Мидлсброу, Данкан Воатмор погодува за 1: 1.

Сепак, забавениот удар покажа дека Вотмор ја удрил топката во рака пред асистенција, што судијата не го забележал, а ВАР не беше употребен на овој меч. Фудбалерот на Мидлсброу немаше намера да игра со рака, но позиција беше далеку од телото и се доби впечаток дека судијата Ентони Тејлор ја оштети домашната екипа.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со напади и промашувања.