Фудбал
ВИДЕО: Роналдо се врати во Јувентус, ги почнува подготовките за новата сезона
Португалецот пристигна во тренинг-центарот Континаса и веднаш ги одработе медицинските прегледи, па имаше и тренинг.
Во изминатите месеци често се шпеулираше за иднината на Роналдо, но сите информации од клубот велат дека тој ќе остане.
Претходно, потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, изјави дека напаѓачот ќе остане во тимот.
#CR7 al J Medical // CR7 at J Medical ??@GoalItalia @goal pic.twitter.com/nFUH18D2TA
— Romeo Agresti (@romeoagresti) July 26, 2021
Јувентус сака да склучи нов договор до 2023 година. Според условите на новиот договор, платата на Роналдо ќе се намали од 31 милиони евра годишно на 20 милиони.
Кристијано Роналдо минатата сезона забележа 44 настапи за Јувентус во сите натпреварувања и постигна 36 голови плус четири асистенции.