Фудбал
ВИДЕО: Роналдо уште еднаш покажа дека нема рамен во казнениот простор
Кристијано Роналдо го спаси Јувентус од нов пораз.
Роналдо погоди во 80. минута за 2:2, што беше негов 24. погодок во новата сезона во Серија А.
Во оваа прилика, Португалецот покажа дека нема рамен кога станува збор за чувството за гол и справување во противничкиот шеснаесетник.
Иако се чинеше дека се наоѓа во офсајд позиција, Роналдо не остави ништо на случајот и со глава ја погоди мрежата. Погледнете го голот овде.
По консултација со ВАР се покажа дека не згреши затоа што голот беше целосно регуларен.
Сепак, овој гол не му помогна премногу на Јувентус, кој сега треба повеќе да размисли за борбата за Лигата на шампионите, бидејќи одбраната на Скудетото останува само сон.