ВИДЕО: Рони О’Саливен прв финалист на мастерсот во Шангај – SPORTM.mk
Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Рони О’Саливен прв финалист на мастерсот во Шангај

После Робертсон и Бингам, Рони О’Саливан денеска го совлада и осмиот играч во светот Кирен Вилсон и се избори за финале на Мастерсот во Шангај.

Популарната „Ракета“ се покажа пресилен за Вилсон, па славеше победа со резултат 10:6.

Легендарниот Англичанец имаше неколку брејкови по ред од 55, 52, 135, 83, 88, 60 и 84 поени, па запиша победа, а во текот на натпреварот можеше да се забележи како од потег во потег „зема залет“.

Клучен се покажа 13. фрејм, кога и двата играчи промашија важни потези, но Вилсон на крајот му дозволи на О’Саливан да дојде до пресврт од 7:6 и после тоа се беше готово.

Рони О’Саливан со денешната победа ја прекина низата на Вилсон од 19 последователни победи.

Својот противник во финалето Рони О’Саливан ќе го дознае утре откако Џунхуи Динг и Бери Хокинс ќе ги одмерат силите.

Advertisement
Advertisement

More in Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com