Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се појави нов „предатор“ во европскиот фудбал, има 19 години, а уште сега е ѕвер

Модерниот фудбал е спорт во кој физичката сила е исто толку важна колку и техниката и талентот. Фудбалот веќе некое време се промени, а на теренот често можеме да видиме фудбалери кои многу внимаваат на мускулната маса.

Со текот на годините, многу фудбалери претрпеа значителна трансформација и изгледаат навистина импресивно кога ги покажуваат своите мускули.

На големата сцена полека и сигурно се појавува нов „предатор“, кој го краси брзина и сила. Се работи за Брајан Броби.

Броби има 19 години и игра како напаѓач, а мускулите на ногата изгледаат навистина неверојатно на што може да му позавиди и Адама Траоре.

Талентираниот фудбалер е член на Ајакс каде се врати на почетокот на јануари откако минатата полусезона играше за РБ Лајпциг.

Броби го застапува познатиот менаџер Мино Раиола, кој летово го однесе бесплатно во германски клуб, но брзо, а и подобро, го врати во Холандија.

Само што се врати дома, силниот напаѓач веднаш покажа квалитет и постигна два гола на првиот меч против Утрехт.

Инаку, Броби ги помина сите младински селекции на Холандија, а во таа земја имаат големи очекувања од него во годините што следат.