Фудбал
ВИДЕО: Сега е официјално, ПСЖ потврди дека Покетино е нов тренер!
Маурисио Покетино е нов тренер на ПСЖ, потврди францускиот првак на својата веб страница и социјалните мрежи. Аргентинецот потпиша договор со клубот до 30 јуни 2022 година, со опција за дополнителна една година. Маурисио Покетино се враќа во клубот каде што како играч забележа 95 настапи во периодот помеѓу 2001 и 2003-та година. Со овој тим како играч го освои УЕФА Интертото купот и Купот на Франција.
Маурисио ќе го одржи својот прв тренинг со ПСЖ на 3 јануари 2021 година по зимската пауза, а треба да дебитира за четири дена против Сент Етјен.
-Навистина среќен и почестен што станав нов тренер на ПСЖ. Би сакал да се заблагодарам на управата на клубот за довербата што ми ја дадоа. Како што знаете, овој клубот отсекогаш имал посебно место во моето срце. Имам прекрасни спомени, особено од уникатната атмосфера на „Паркот на принцовите“. Денес се враќам во клубот со голема амбиција. Овој тим има фантастичен потенцијал и ќе сториме се што можеме за да го покажеме најдоброто во сите натпреварувања, изјави Покетино.
Welcome Mauricio Pochettino ?pic.twitter.com/Fr4ZgKxhNI
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 2, 2021