Фудбал
ВИДЕО: Селекторот го извади од игра, а ѕвездата на Интер почна да плаче на клупата
Аргентина со убедливи 3:0 го совлада Уругвај во квалификациите за пласман на СП. Конечните 3:0 во вториот дел ги постави Лаутаро Мартинез, а само три минути подоцна по голот беше изваден од игра. Камерите го снимија како плаче на клупата за резервни фудбалери. По мечот тој објасни:
-Помислив на моето семејство кое беше на трибините и затоа сум толку емотивен. Тоа е голема жртва. Кога ќе оставите се на страна за да успеете. Моето семејство секогаш беше покрај мене, поради тоа засекогаш ќе им бидам благодарен, изјави ѕвездата на Интер по мечот.